Како да го разбереме она што го читаме?

Една од главните цели на читањето е да ги најдеме и расветлиме клучните реченици во книгата.

Без оглед на тоа дали се сложуваме со овие клучни реченици или не, најпрво мора да ги преработиме и свариме за да можеме да сфатиме што сакал писателот да каже. Ова е многу полесно во нефикцијата (биографии, мемоари, истражувачки книги…) отколку во фикцијата. Една од причините е тоа што писателите на нефикција генерално се држат до истата дефиниција низ текот на целата книга, додека писателите кои пишуваат фикција можат да ги менуваат значењата.

tumblr_n9usyzlmvb1s6kpsqo1_1280

Ајде да ја погледнеме оваа прекрасна мисла од „Владетелот“ на Макијавели:

„Сигурно знаете дека постојат два начини на оспорување: едниот е преку закон, другиот преку сила. Првиот метод им одговара на луѓето, а вториот на ѕверовите. Но, бидејќи првиот многу често не е доволен, неопходно е да се свртиме кон вториот. Затоа и е многу важно владетелот да разбере како да го искористи најдоброто и од ѕверот и од човекот.

Откако ја прочитавте, размислете: Што според вас значи оваа реченица?

Во една дамнешна дискусија помеѓу Мортимер Адлер и Чарлс ван Дорен, авторите на „Класичниот водич кон интелигентно читање“, тие ја разгледуваат оваа мисла:

Ван Дорен: „Ужасна изјава, зарем не? Значи дека во животот, кој сите го живееме, не можеме да си дозволиме да бидеме целосно човечни, мораме да бидеме и ѕверови.“

Во поголемиот дел од времето, особено кога станува збор за описните книги, книгите во кои се објаснуваат теории и филозофските книги, многу е полесно да се најдат клучните реченици отколку да се разберат.

Ги читаме сите овие реченици и чувствуваме дека ги разбираме. На крајот на краиштата, ги разбираме зборовите кои писателот/писателката ги користи. Мортимер Адлер нѐ охрабрува да одиме уште подалеку. За да го демонстрира разбирањето, тој препорачува да си ја објасниме реченицата која сме ја прочитале и тоа со свои зборови. Откако ќе го направиме ова, тој предлага самите да си најдеме пример кој ќе му даде контекст на значењето на реченицата.

Еве уште еден пример од овој процес, пример кој произлегува од разговорот на Адлер и ван Дорен:

Адлер: „Во Средниот век, големите филозофи обожавале одново и одново да велат: „Ништо не дејствува, освен тоа што е вистинско“. Што значи ова за тебе? Кажи го со сопствени зборови.“

Ван Дорен: „Тоа значи дека не можам да бидам повреден од нешто коешто е само потенцијално. Ако нешто не постои, тоа не може да ме повреди.“

Адлер: „Ако нешто не постои, тоа не може да те повреди. Покажи ми дека го разбираш тоа, со тоа што ќе ми дадеш конкретен пример за нешто што не може да те повреди затоа што не се случува.“

Ван Дорен: „Е па… бура која е можно да се случи, а не се случува, не може да ме направи жива вода.“

Статијата е преземена од тука.

Leave a comment