Псевдонимите се стари колку што се стари и книгите. Некои писатели користеле псевдоними од политички причини, некои од лични причини, а некои едноставно од задоволство. Во секој случај, псевдонимите се моќни алатки во рацете на писателите, дозволувајќи им на своите пера да го напишат она што можеби нивните усти не можат.
Досега неколку пати сум пишувала за псевдонимите и писател(к)ите кои стојат зад нив, но денес објавувам на блогот уште еден инфографик за псевдонимите, кој е малку поинаков од претходниот, односно кога одите надолу всушност гледате како низ историјата писател(к)ите користеле псевдоними.

Под секое име е наведена и причината за користење псевдоним. На пример, Даниел Дефо понекогаш го користел псевдонимот Робинсон Крусо затоа што често имал проблеми со законот поради своето провокативно пишување. Од друга страна, Волтер го користел овој псевдоним за да се оддалечи од своето минато и фамилијарно име и сакал анонимно да го критикува кралот и целокупното француско општество. Сестрите Бронте исто така користеле машки псевдоними за да бидат сфатени сериозно. Луис Керол бил скромен и земал псевдоним затоа што не сакал да привлекува внимание во јавноста.
Она што многумина ќе ги изненади, а малкумина знаат, е фактот дека Пабло Неруда е псевдонимот, а не вистинското име на еден од најголемите поети на сите времиња. Неговото вистинско име е Рикардо Елиесер Нефтали Рејес Басоалто, а гo земал псевдонимот за да ја крие својата поезија од татко му кој не го одобрувал неговото пишување. Ерик Артур Блер, или како што денес сите го знаеме под името Џорџ Орвел, го земал овој псевдоним за да го заштите своето семејство од исмевање и болка поради тоа што во неговата прва издадена книга тој пишува за времето кога живеел во беда и сиромаштија.
Подолу на инфографикот можете да видите повеќе примери за псевдоними, како и интересни податоци од типот најчести причини за земање псевдоним , како и интересниот факт дека Даниел Дефо имал 198 псевдоними! Погледнете го инфографикот, навистина е интересен!

