Есента веќе дојде на голема врата и за многумина, ова е најубавото годишно време. Пеколните температури се зад нас, а на сцена стапуваат прекрасните и топли џемпери и долгите ветровите и дождливи ноќи кога стуткани во јорган читаме книга додека пиеме кафе, чај или топло чоколадо. По тој повод денес на блогот песната „Починка“ од Блаже Конески која во себе некако како да носи дел од таа есенска меланхолија.
Починка – Блаже Конески
Есенва е мирна, просветлена сета.
Човек сака негде далеку да шета.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.
Сè ќе минам кое со возбуда мами.
Има такви места каде што сме сами.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.
Смирноста е мудра, страсноста е глупа.
Ќе седнам во паркот на некоја клупа.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.
И долго ќе седам, со цигара во рака.
Вечерта што иде ќе ја чекам така.
Убавино, ти ме заморуваш веќе.

(Сликата е дело на Мики Такахаши)
