И конечно го имаме добитникот на Нобелова награда за книжевност за 2017 година! Нобеловата награда за литература е најпрестижната награда во светот на книжевноста!
Казуо Ишигуро е еден од најпознатите британски писатели чии дела допираат длабоко во човековата душа и срце. Најпознатите негови дела се „Никогаш не ме оставај“ и „На крајот на денот“.

На прес-конференцијата беше кажано дека Нобеловата награда се доделува на Казуо Ишигуро „кој, во книгите со голема емотивна сила, ја открил бездната под нашето илузорно чувство на поврзаност со светот.“
Како љубител на книгите можам да кажам дека навистина се радувам од срце и сметам дека Шведската академија оваа година повторно направија одличен избор! Во меѓувреме, топло ви ја препорачувам книгата „Никогаш не ме оставај“, верувајте дека нема да зажалите! Тоа е една од најдобрите книги кои сум ги прочитала!
И секако, мојата омилена мисла од книгата: „Постојано размислувам за таа река чија вода се движи многу брзо. И двајцата луѓе во реката, кои се обидуваат да се држат еден за друг, држејќи се најсилно што можат, но на крајот сѐ е премногу. Струјата е пресилна. Мораат да се пуштат, да се оддалечат. Така е и со нас. А штета е Кет, затоа што се сакавме цел живот. Но, на крајот, не можеме засекогаш да бидеме заедно.“
Честитки! Навистина заслужено!
