Недела обично е досаден и мрзлив ден, но оваа недела е навистина интересна за љубителите на книги и хуманите луѓе!
Во недела (08.10.2017), со почеток од 17 часот, во „Јавна соба“ ќе се одржи хуманитарната акција „Прочитај пријател, запознај книга“ во организација на македонскиот старт ап резервирај.мк и Центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“- rabotno.mk. Дополнително, оваа хуманитарна акција е во соработка со професори од Економскиот, Правниот, Филолошкиот и Филозофскиот факултет од Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.

Сѐ што треба да направите е да дојдете во „Јавна соба“ и со себе да понесете книга, училишен прибор или спортска облека. Книгите, приборот и спортската облека ќе бидат донирани во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ – Скопје. Организаторите на настанот најавија дека имаат желба да споделат книги со вас, такашто освен донацијата со која ќе ги направите дечињата среќни, ќе имате можност и да си одберете книга по ваш избор.
Одлична прилика за дружба, хуманост и распространување на љубовта кон книгата!
Повеќе детали можете да прочитате тука.
Се гледаме таму!
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук
