Нова акција на Матица: ДА за книга!

Љубителите на книги обожаваат разноразни акции и попусти на книги и тоа е сосема разбирливо! Нема ништо поубаво од возбудата кога човек ќе влезе во книжарница и не знае што да одбере.

22547894_10212005101777654_875899135_n

Доколку сте во потрага по книги кои ќе ги читате оваа есен, во следните два дена упатете се на улица „Македонија“, пред спомен куќата на Мајка Тереза. Таму „Матица“ ќе ја спроведува акцијата „ДА за книга“, каде од 50 000 книги и 250 наслови од македонски автори ќе можете да си направите одлична колекција на книги кои ќе ги читате во наредниот период. Можете да одберете пакет по ваш избор за 300 ден.

Погледнете го официјалниот настан тука и се гледаме на улица „Македонија“.

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук

Leave a comment