Кога писателите имаат (чудно) хоби…

Сите луѓе имаат некакво хоби: од собирање поштенски марки, до пишување поеми, а некои луѓе се занимаваат со спорт. Но, има прилично чудни хобија, а уште поинтересно е кога писателите ги имаат. Се разбира, животот на писател(к)ите е секогаш интересен за оние кои сакаат да читаат, па тие се интересираат за сите аспекти од нивниот живот, вклучувајќи ги и они работи кои ги прават додека не пишуваат. Во продолжение прочитајте за чудните хобија на некои од најпознатите писател(ки), поети и поетеси.

Владимир Накобов бил лепидоптерист

nabokov-butterfly_1920916b

Не само што бил заинтересиран за лепидоптерија (проучувањето на пеперутките), туку тој бил и прилично легитимен таксономер. Набоков толку многу ја сакал лепидоптеријата, што станал куратор за лепидоптерија во Музејот за компаративна зоологија на Универзитетот Харвард.

Всушност, Музејот за природна историја на Харвард, сѐ уште ја чува „фиоката за гениталии“ на Набоков. Знаете што има внатре? Гениталиите на сината пеперутка.

Силвија Плат чувала пчели

sylvia-plath001

Плат започнала да чува пчели со нејзиниот сопруг Тед Хјуз, но тоа и можеби не е толку за изненадување имајќи предвид дека нејзиниот татко Ото бил експерт за пчели. Во едно писмо до својата мајка, Плат напишала:

„Знаеш што, денес станавме чувари на пчели! Минатата недела отидовме на локалниот состанок… Носевме маски и беше возбудливо…. Господин Полард ни дозволи да имаме стар пчеларник и тоа за речиси ич пари и го обоивме бело и зелено, а денес тој ни донесе рој италијански хибридни пчели и ги стави во пчеларникот…. Се чувствувам како вистински незнајко, но ќе се обидам да истражам и да научам сѐ што можам.“

Агата Кристи била прилично успешен археолог

expo_sur_traces_agatha_christie_montreal-1465477497

Агата Кристи се омажила со својот сопруг Макс Малован во 1930 година. Тој бил истакнат и прочуен археолог. Кристи поминала 20 години на Блискиот Исток впуштајќи се во светот на археологијата. Таа била жена од акција и не седела постојано пишувајќи на своето биро.

Она што е најинтересно да се напомене е фактот дека некои од најдобро сочуваните артефакти од слонова коска се во одлична состојба токму поради работата на Кристи. Таа користела крема за лице за да ја сочува слоновата коса. Џон Куртис од Британскиот музеј ја пофалил работата на Агата Кристи, велејќи: „Кремата за лице во суштина е одлична работа за со неа да чистите артефакти.“

Ејн Ренд собирала поштенски марки

aynrandstamps

За Ејн Ренд, поштенските марки не биле нешто само за собирање. Таа ги користела и поради нивните малку познати ресторативни квалитети. Откако напишала огромни книги како „Рамнодушниот Атлас“,  на Ренд ѝ била потребна помош за да се опушти малку. Таа нашла прибрежиште, како и многу други луѓе, во собирањето поштенски марки.

Во една статија од 1971 година, таа напишала: „Ако се почувствувам уморна по целодневно пишување, поминувам еден час со моите албуми со поштенски марки и тоа ми помага потоа да продолжам да пишувам и во останатиот дел од вечерта.  Албумите со поштенски марки се чудесни реставратори на мозокот.

Додајте ги поштенските марки во вашата листа со домашни лекови.

Џек Керуак обожавал измислени спортови

kerouac-american-football-copy

Измислените спортови на Керуак биле буквални измислици. Почнал како тинејџер, а продолжил и кога веќе бил возрасен, Керуак ги следел кариерите на измислени спортисти. Нивните имиња биле спектакуларни: Вино Лав, Варби Пепер, Хајни Твит, Фегус Коди и Заг Паркер.

Керуак и самиот бил одличен спортист, играл рагби додека бил на факултет.

Емили Дикинсон обожавала да меси и пече

emily-dickinson-hires-cropped

Не само што била страствен пекар, таа била и омилен пекар. На еден локален натпревар во 1856 година, таа добила второ место за нејзиниот леб. Нејзината сестра била во жирито, но сепак… ја фалеле.

Дополнително, голем дел од нејзината поезија била напишана на кујнски хартии. Луѓето кои работат во музејот посветен на Емили Дикинсон веруваат дека кујната била една од собите во кои таа најдобро се чувствувала и најверојатно таму била и најкреативна.

Leave a comment