Недовршената книга на Џејн Остин за која повеќето не слушнале!

Џејн Остин е несомнено една од најомилените и најсаканите писателки на сите времиња. Таа има милиони обожаватели ширум светот, луѓе кои ги обожаваат нејзините дела и не можат да престанат да ја читаат. Сите добро се запознаети со нејзините дела како „Гордост и предрасуди“, „Разум и чувства“, „Ема“, „Опатијата Нортангер“, „Менсфилд парк“ и „Убедување“. Овие шест книги се сметаат за едни од најдобрите во историјата на британската книжевност.

Овие шест книги се детално анализирани, цитирани, екранизирани… и обожавани од луѓе ширум светот. Но, има едно дело на Џејн Остин за кое малкумина знаат, дури и нејзините најстраствени обожаватели…

1000

Се работи за едно дело од 23.000 зборови и кое помеѓу академиците е познато како „Сендитон“. Ова е последното дело на кое Џејн Остин работела пред нејзината смрт и сѐ уште предизвикува контроверзии!

Приказната го следи господин Паркер и неговите обиди да го претвори градот Сендитон во популарно место за капење во стилот на Брајтон и се труди да ја убеди дарежливата лејди Денам да го спонзорира тоа. Во вистински стил на Остин, сите работи се опишуваат преку перспективата на Шарлот, немажена девојка која не е дел од локалците.

Во едно писмо кое го напишала 5 дена откако престанала да работи на делото, Остин рекла дека се чувствува „многу слабо“ и забележала дека „да се биде болен е многу опасна авантура во овој период од мојот живот.“ Па така, делува дека делото не било завршено поради нејзиното лошо здравје, а не поради тоа што не сакала да го заврши.

sanditon-by-jane-austen-cover

Досега се направени многу обиди да се заврши делото, но се појавуваат многу несогласувања помеѓу писателите околу тонот и насоката на тие обиди. Постојат и многу објавени продолженија на „Сендитон“, а секако можете да ја најдете и незавршената т.е грубата верзија на книгата.

Би ја прочитале ли?

Leave a comment