Дојде есента, а со неа и меланхолијата, дождот и сѐ поголемата желба да се чита поезија. Некако во доцните вечерни часови најмногу прилега да се чита прерано заминатиот Игор Исаковски, кој со своите искрени стихови и прекрасна поезија размрдува по нешто во сечија душа.
Ноќта добива крилја – Игор Исаковски
ќе се сретнеме малку пред полноќ,
за мирно да го пречекориме прагот:
ми ја држиш дланката…
одиме низ тесни калдрмисани улички,
од некаде навева звук на кларинет:
месечината се бои портокалово, тебе ти руменеат усните.
го одлагаме бакнежот, ноќта добива крилја…
14.07.2012, 23:44

