Читај бе братучед, читај: Книжевен фестивал во организација на Антолог!

Издавачкиот центар „Антолог“ оваа година повторно го организира книжевниот фестивал Bookstar. Лани мотото на фестивалот беше „Симни ми ѕвезда“, а оваа година слоганот е: „Читај бе братучед, читај“!

Фестивалот ќе се одржи во периодот од 25 октомври до 5 ноември во МКЦ.

22459247_1566297630093090_247752093001462041_o

Организаторите ветуваат богата содржина и најразлични активности, а целта е да се насочи вниманието на македонската јавност кон книжевноста, книгите и читањето.

Посетителите ќе имаат прилика во живо да ги видат и да поразговараат со Илја Леонард Фајфер,  Јела Кречич Жижек и скандинавските мајстори на трилерите: Хокан Несер и Јуси Адлер-Олсен. Секако дека се одвојува и простор за македонските писатели: Снежана Стојчевска и Игор Станојоски.

На официјалниот настан на Фејсбук објавено е дека можете да очекувате и антологија на бунтовната поезија од европски автори, книжевна трибина, саем на европски книги, проекции на филмови од Милчо Манчевски и журка со ПМГ Колектив.

Љубители на книги, не го испуштајте овој прекрасен книжевен фестивал.
Се гледаме таму!

 

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук и е дело на Игор Делов

 

Leave a comment