Интересни факти за „Плодови на гневот“ од Џон Штајнбек!

Џон Штајнбек, роден на 27 февруари 1902 година, ја добил Нобеловата награда за книжевност во 1962 година. Неговите книги се вистинско богатство за книжевноста. „Источно од рајот“, „Глувци и луѓе“, „Плодови на гневот“ се меѓу најзначајните дела во историјата на книжевноста и денес се сметаат за вистински класици. „Плодови на гневот“ е издадена во 1939 година и за оваа книга Штајнбек ја добил Пулицеровата награда. Денес на блогот можете да прочитате неколку интересни факти за оваа прекрасна книга.

Неговата книга била палена и забранувана

Здружението на фармери на Калифорнија ја отфрлале оваа книга како „куп лаги“ и „комунистичка пропаганда“. Сталин во одреден период ја забранил книгата во СССР, затоа што Комунистичката партија била загрижена од помислата дека дури и најсиромашните Американци можат да си дозволат автомобил. Штајнбек добил и смртни закани, а ФБИ решиле да го стават под надзор. Книгата била забранета во многу библиотеки, а примероци од книгата биле палени во неколку градови во Америка.

Била издадена во петок

Книгата била издадена во петок, на 14 април 1939 година, истиот ден кога филмот „Оркански височини“, во кој главната улога ја имал Лоренс Оливие, ја имал својата премиера. На тој ден, Рузвелт, претседателот на САД, му пишал писмо на Хитлер, во кое тој го поставил прашањето: „Дали можеш да ми дадеш гаранција дека твоите вооружени сили нема да нападнат или запоседнат територија или имоти на следниве независни нации?“ Листа содржела имиња на држави како: Полска, Белгија, Франција, Велика Британија и Ирска. Сите знаеме како заврши тоа.

Процесот на пишување на книгата неверојатно многу му одел на нерви

Книгата била напишана во период од пет месеци и неговите дневници од тој период покажуваат човек кој ја губи самоконтролата и самодовербата. Тој пишувал кратко по смртта на неговиот зет и тоа бил период во кој се мачел со грижи од типот на тоа дека ќе избие војна или продажбата на неговата куќа во Калифорнија.

Тој напишал: „Никогаш не сум пишувал книга под толкава возбуда. Мојот цел нервен систем е потресен. Се надевам дека нема да доживеам нервен слом. Моите нерви играат… Посакувам да можев да исчезнам на одредено време. Толку многу работи ме полудуваат. Се плашав дека книгава се распаѓа. Ако се распадне книгава и јас ќе се распаднам. “ Кога ја завршил книгата, напишал: „Не е големата книга која сакав да ја напишам. Најобична и најпросечна книга.“ Најобичната и најпросечната книга доби Пулицерова награда во 1940 година.

Тој се гордеел со своето истражување

Всушност, книгата е инспирирана од неговите посети на федералниот владин камп „Арвин“, кој во книгата се нарекува „Видпеч камп“. Сезонските работници сѐ уште го користат овој камп. Инаку тој бил најмен од еден весник за да ги истражи условите во кои живеат работниците таму и Штајнбек толку бил потресен од глетката и условите, што решил да напише книга за тоа.

k5j4h5kjh

Првото издание вреди многу

Првото издание на книгата имало 619 страници и чинело 2.75 долари. Тиражот кој бил отпечатен броел 50.000 примероци и книгата станала бестселер во Америка. До февруари 1940 година, книгата го доживеала своето 11-то издание. Првото издание од книгата денес чини повеќе од 15.000 долари.

Како настанал насловот на книгата?

Насловот на книгата е преземен од една од воените песни напишана во времето на Граѓанската војна од страна на аболиционистката Јулија Вард Хауи во 1861 година. Штајнбек рекол: „Ми се допаѓа песната, затоа што е еден вид на марш, а и мојата книга е еден вид марш.“

Штајнбек многу ја сакал изведбата на Хенри Фонда како ликот Том Џоад

Дарил Занук ги откупил правата за филм за 75.000 долари. Но, се плашел од контроверзноста и затоа решил да ја одложи премиерата во Њујорк. Филмот, кој бил режиран од Џон Форд, добил одлични критики. Штајнбек рекол дека изведбата на Хенри Фонда направила тој да поверува во сопствените зборови. Тие двајца останале пријатели и актерот читал поема на погребот на Штајнбек во 1968 година.

Брус Спрингстин ја има добиено нарадата „Штајнбек“

Наградата се состои од бронзена биста и тој ја добил во 1996 година. Брус Спрингстин има напишано песна инспириран од „Плодови на гневот“, која се вика „Духот на Том Џоад“ (The Ghost of Tom Joad).

Извор.

 

Leave a comment