Како да бидете пофокусирани додека читате книги?

Живееме во време кое е навистина динамично и брзо. Имаме толку многу обврски што се чини дека постојано трчаме низ животот. И во целиот тој хаос, книгите се нашата утеха, нашиот одмор и релаксација. Но, колку и да ги сакаме книгите и читањето, понекогаш брзото и истоштувачко темпо на живот предизвикува да имаме опадната концентрација и го губиме фокусот.

Па така се поставува прашањето како да го задржиме фокусот додека читаме? Денес на блогот неколку совети кои можеби ќе ви помогнат да имате поголема концентрација додека читате.

reading-books

Пуштете некоја тивка музика која ќе ве опушти

Можеби вие сте од оние луѓе кои не сакаат музика додека работат, бидејќи ви го одзема вниманието, но понекогаш и целосната тишина може да направи да го губите фокусот, особено кога читате книга. Ако читате во потполна тишина, многу е веројатно дека зборовите во книгата ќе се дават во вашите мисли.

Секој човек најдобро се познава себеси, па затоа пуштете некоја музика која најчесто ве опушта и која ја пуштате кога сакате да се одморите од се. На интернет можете да најдете различни интернет радија кои ви овозможуваат различни плејлисти со амбиентална музика. Секако, доколку сакате друг вид на музика и тоа е сосема во ред. Самите одберете ја музиката, но не ја пуштајте премногу гласно, затоа што и тоа ќе ве дефокусира.

Седнете исправено

За поголемиот дел од љубителите, креветот е омилено место за читање, но има луѓе кои навистина имаат проблем да читаат во кревет. Доколку удобно се сместите во вашиот кревет, покривајќи се со ќебе, лесно може да се случи да ви се приспие и да изгубите фокус. Најдобриот начин за да го избегнете ова (доколку често ви се случува) е да седнете на столче на кое можете да седите исправено. Кога седите исправено, ја елиминирате желбата да заспиете и ќе ви биде полесно да останете фокусирани.

Јадете пред да почнете да читате

Нема ништо полошо од тоа да читате гладни. Нема да имате никаков фокус, постојано ќе мислите на храна и мислите постојано ќе ви лутаат. Човек мора да е најаден пред да чита, такашто никогаш не го заборавајте овој елемент.

woman-holding-a-book-today-tease-171023_0b7dd6edd4f92d941f9e7e7975778aa4

Дишете длабоко

Сосема е нормално понекогаш да ни одлетуваат мислите, особено ако сме под стрес. Но, мора да се научиме како да се одбраниме од тоа, особено додека читаме. Еден од најпрепорачаните методи за да го сопреме хаосот на нашите мисли е преку длабоко дишење. Ова полека ќе го повторите неколку пати и на тој начин ќе ги смирите вашите мисли кои ви го одвлекуваат вниманието.

Исклучете го телефонот

Во денешно време залепени сме за нашите телефони. Ги проверуваме на секои пет минути, чиниш светот ќе пропадне ако не видиме кој ставил нова слика на Инстаграм или кој ставил „лајк“ на нашата слика на Фејсбук. Сето ова е само непотребно одвлекување на вниманието од важните работи. А веќе сме толку зависни што се чини дека не може да поднесеме да седиме до телефонот без да го чепкаме. Затоа, следен пат кога ќе седнете да читате, ставете го телефонот на вибрации и оставете го во друга соба. Нема потреба додека читате веднаш да проверите кој ви оставил коментар или да видите дали имате некакво известување.

Во суштина, она што треба да се знае е дека треба да се намали секаков тип на физичко или психичко одвлекување на вниманието. Обидете се да се оттргнете од реалниот свет колку што е можно повеќе и тогаш ќе бидете слободни да се посветите комплетно на светот на книгите.

 

Leave a comment