Конечно дојде петок!
Некако полека си дојде викендот, а тоа значи повеќе време за читање! Доколку сте заинтересирани за подновување на домашната библиотека или пак чувствувате дека немате што да читате, а сакате нешто ново – тогаш денес е совршен ден да се упатите во книжарниците на ТРИ. Ова особено важи за љубителите на трилери и крими-романи.
Денес во сите книжарници на ТРИ има акција „Трилер петок во ТРИ“, а тоа значи дека може да очекувате попуст до 40% на сите трилер изданија од програмата на ТРИ. Освен тоа, од ТРИ најавуваат дека ќе има и промотивна продажба на „Девојката што сакаше одмазда“ од Давид Лагеркранц (петтиот дел од серијалот „Милениум“)
Денес е одличен ден да купите книга на попуст од великаните на трилерот како Ју Несбе, Давид Лагаркранц, Стиг Ларсон, Џејмс Патерсон, Тана Френч, Хенинг Манкел, А. С. А. Харисон, Арландур Индридасон, итн.
Денес е фино, сончево време и почеток на викенд. Совршен ден за да се подновите со нова книга!

*сликата е преземена од официјалната фејсбук страна на ТРИ
