Зошто книжевните екранизации на Нетфликс се толку добри?

Дури и да не сте голем љубител на серии, дури и да не сте претплатени на Нетфликс, не можете да ги избегнете сите вести околу нивното зачестено екранизирање на познати книги.

Она што може да се забележи дека дури и најстрогите критичари во однос на екранизирањето на книги, кои реално е најтешко да се задоволат, бидејќи имаат високи критериуми, задоволно климаат со главата.

netflix

Некои од најпопуларните серии на Нетфликс се токму изведени и напишани врз основа на книги. Како за пример ќе ги земам: „13 причини зошто“, „Серија на несреќни настани“, „Ана од Грин Гејблс“, па дури и „Портокаловото е ново црно“ е серија заснована на мемоар. Ова се исклучително успешни серии кои навистина верно ги следат книгите и навистина е тешко да им се најде замерка.

Но, што е причината за ова? Што го прави Нетфликс толку поразличен од другите?

Одговорот најверојатно е сплет на повеќе околности, но една од најголемите причини е тоа што Нетфликс веќе речиси година дена соработува со меѓународната книжевна консултантска компанија „Марија Б. Кембел Асошијетс“, чија задача е да ги советува луѓето од Нетфликс за тоа кои книги можат да бидат екранизирани.

Оваа компанија им дава анализи, препораки и предвидувања за тоа кои книги се прикладни за екранизирање, а кои не. Овој потег јасно укажува на тоа дека Нетфикс сѐ посериозно планира да се концентрира на книжевни екранизации. Тоа и не е изненадување, имајќи предвид дека некои од најуспешните проекти на Нетфликс се токму книжевните екранизации.

Компанијата „Марија Б. Кембел“ е основана во Њујорк во 1994 година и оваа компанија ги пронаоѓа детските книги и книгите за возрасни кои се прикладни за претворање во филмови или телевизиски серии. Освен за консултирање, компанијата ги има откупено и преведувачките права за книги од неанглиско говорно подрачје од 23 издавачки куќи ширум светот.

Ова значи дека треба да очекуваме уште изненадувања од Нетфликс и уште многу екранизации поради кои нема да сакаме да се одлепиме од нашите екрани!

Leave a comment