Читањето само по себе не е тешка задача. Ако решите дека сакате да читате повеќе книги, нема баш премногу работи кои треба да ги направите, освен да изберете книга и да почнете да читате.
Но, за повеќето луѓе, најголемиот проблем е времето. Решението не е да почнете да читате побрзо, затоа што истражувањата покажаа дека иако можете да ги истренирате очите да читаат побргу, сепак запомнувате многу помалку од тоа што го пишува на страниците. И затоа, единствената алтернатива е да пронајдете време помеѓу хаосот во вашиот секојдневен живот.
Но, како што Патрик Алан тоа убаво го објаснил, тоа воопшто не е лесна задача. Целта треба да ви биде да направите да биде што е можно полесно да најдете време за читање во вашиот живот. А тоа може да се постигне со неколку едноставни трикови и промени во вашата рутина:

„Сфатив дека немам навлезено во читањето, затоа што самиот направив да биде тешко да му пристапам на читањето. Моето светло за читање беше лошо поставено такашто не можев да го дофатам прекинувачот за светло. Морав да станувам од кревет за да го вклучам или исклучам светлото. Понатаму, мојот кревет беше премногу висок и се наоѓаше до прозорецот, па така не можев да се исправам кога ќе посакав да не ја држам книгата над глава. И најлошо од сѐ, имав огромен телевизор во мојата соба. Зошто да читам, кога можам секоја вечер да заспивам со „Бургерите на Боб?“
Финтата е да ги преуредите работите на начин на кој читањето нема да биде само лесно, туку ќе биде полесно од која било друга забавна активност. На пример, Алан го преместил телевизорот во друга соба, а телефонот го ставал на место каде што не може да го дофати со рака додека е во лежечка позиција („Сега има само три работи кои можам да ги правам во мојата соба: можам да читам, да слушам музика или да спијам“).
Ако помислата дека треба да станувате за да го изгаснете светлото ви е многу напорна, тогаш земете си малечка ламба која ќе ви стои покрај креветот. Ако сте личност која постојано ги преместува работите и заборава кај ги става, тогаш определете посебно место каде што ќе ја оставате книгата во моментите кога не ја читате, со цел да не треба да трошите 15 минути барајќи ја низ вашиот дом.

