Малку познати факти за „Да се убие птицата-подбивница“

Да се убие птицата-подбивница“ е една од најпопуларните и најпродаваните книги на сите времиња. Книга која ја доби и Пулицеровата награда и книга која и ден денес е инспирација за многумина, а Атикус е пример за интегритет и прекрасен татко.

Во чест на оваа приказна, денес на блогот прочитајте неколку интересни факти за оваа книга.

mv5bmtkznzmymtmxm15bml5banbnxkftztgwmdm5odk5mte-_v1_

Ликовите делумно биле инспирирани од детството на Харпер Ли

Не само што природата на Скаут била слична на онаа на Харпер Ли, нивната возраст исто така била слична. Друга сличност е тоа што и Скаут и Ли имале постари браќа, а Финч е моминското презиме на мајката на Харпер Ли.

Харпер Ли веќе била запознаета со судниците

Нејзиниот татко бил адвокат кој еднаш бранел двајца Афроамериканци кои биле обвинети за убиство. Харпер често присуствувала на судењата.

„Да се убие птицата-подбивница“ всушност произлегла „Оди, постави стражар!“

Оди, постави стражар!“ излезе во 2015 година и предизвика вистинска медиумска бура. Но, она што малкумина го знаат е дека Ли всушност прво ја напишала „Оди, постави стражар!“, но еден издавач ја убедил да напише приказна раскажана низ очите на малата Скаут.

Признанијата не стивнуваат

Освен тоа што на една анкета беше изгласана за најинспиративна книга, во 2008  година беше прогласена и за „Најдобар роман на сите времиња“.

Уште инспирација од вистинскиот живот

Познатиот писател Труман Капоти бил инспирација за ликот Дил, соседот на Скаут. Капоти всушност бил сосед на Харпер Ли во Алабама. Тие дури и делеле машина за пишување.

Скаут и Џем не велат „тато“

Во ниту еден момент тие не му викаат „тато“ или „татко“. Наместо тоа, тие постојано му се обраќаат со  неговото име.

Харпер Ли се каела што ја напишала книгата

Во неколку јавни обраќања Ли често велела дека се кае што ја напишала книгата. И покрај тоа што книгата станала еден од најголемите бестселери, сепак Ли решила да живее повлечен живот и до крајот на животот ги избегнувала медиумите.

Leave a comment