Нил Гејман е еден од најпопуларните модерни писатели. Тој воедно е еден од најпочитуваните автори на научно-фантастични дела. Најпознати книги од Нил Гејман се: „Океан на крај на патот„, „Американски богови“, „Ѕвездена прашина“, итн.

Минатата година, една хуманитарна организација успеала да го контактира Нил Гејман и му понудиле да ја чита „Гарванот“ од Едгар Алан По. Тој со задоволство ја прифатил понудата и како резултат на тоа го имаме ова прекрасно видео во кое Гејман ја чита оваа безвременска поема.
Погледнете го видеото:
