Видео: Умберто Еко и неговата прекрасна домашна библиотека!

Умберто Еко е еден од најпочитуваните модерни писатели. За жал, светот го изгуби овој неверојатен талент во 2016 година, но неговото наследство кое ни го остави преку своите книги секогаш ќе нѐ потсеќа на неговиот неизмерен талент.

SPETT.UMBERTO ECO A NAPOLI (SUD FOTO SERGIO SIANO)

Во денешната објава на блогот, можете да погледнете едно прекрасно видео од Умберто Еко како шета низ својата приватна библиотека од која дефинитивно ќе ви застане здивот!

Умберто Еко секогаш бил познат како страстен читател и бил неверојатен обожавател на Џејмс Џојс и Хорхе Луис Борхес. Библиотеката на Еко броела околу 30.000 книги и тој уживал во секој момент во неа. Книгите му биле најдобри пријатели и придружници. Еко обожавал да собира книги, затоа што знаел дека и непрочитаните книги имале поеднаква вредност како и прочитаните.

Погледнете го прекрасното видео:

Leave a comment