Малку поинаков афтерворк во Антолог за сите љубители на книги!

Популарните „афтерворк“ забави се многу чести во изминатите неколку години. Тоа е начин како луѓето да се опуштат со своите колеги или пријатели по напорниот работен ден. Но, дали некогаш сте помислиле како би изгледал еден книжевен афтерворк? Благодарение на книжевниот центар Антолог, ќе го дознаеме и тоа.

25353818_1626170987439087_6041188122516920710_n

Имено, Антолог, во периодот од 15 до 28 декември, во својата книжарница на ул. „Димитрије Чуповски“ ќе организира серија на настани и дружења со македонски писател(к)и и ќе им овозможи на сите љубители на книга интересни искуства и можност да се запознаат подобро со нашите македонски писатели и писателки.

Денес е првото афтерворк дружење, со почеток од 17:30, со писателот Ѓоко Здравески, а останатиот распоред, гости и теми на разговор, можете да ги прочитате на официјалниот настан на Фејсбук. Следете го официјалниот Фејсбук настан, бидејќи таму ќе ги има сите објавувања, гости и новости кои ќе се случуваат!

Се гледаме таму!

 

*сликата е преземена од официјалниот ФБ настан на Антолог

Leave a comment