Нова година, нови книги: Попусти во Магор!

На човек навистина да не му се верува дека сѐ побргу наближува Нова година и божиќните празници. Како вчера да беше кога се стуткувавме под ќебе и читавме книги и си велевме, ете почна уште една година.

Но, како и да е, овој период од годината е одличен за читање, за пронаоѓање нови книги и за подновување на домашната библиотека. И покрај тоа што сите љубители на книги дома имаат минимум 10 книги кои ги немаат прочитано, сепак чувствуваме потреба да купуваме нови, за да имаме поголем избор и за да уживаме во нашите полици.

Доколку сте во потрага по нови изданија и освежување на домашната библиотека, тогаш навистина ќе ве израдува веста дека во Магор има одлични новогодишни попусти!

21273478_1726672117374874_643031398426073342_o

Во периодот од 18 декември до 18 јануари, во кафе-книжарницата Магор ќе можете да се подновите со нови книги и тоа по многу поволни цени. Над 300 изданија на издавачката куќа Магор ќе бидат на попуст. Попустите ќе се движат од 20 до 70%.

Освен тоа, откако ќе се подновите, можете да седнете и да се напиете кафе во прекрасната атмосфера во кафе-книжарницата Магор, опколени со книги и зборови.

За повеќе детали и информации околу попустите, следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Се гледаме во Магор!

 

*сликата е преземена од официјалната Фејсбук страна на издавачката куќа Магор

Leave a comment