Книжарницата „Лело“ во Порто: Една од најубавите книжарници на светот!

Една од најпрекрасните книжарници на светот се наоѓа во португалскиот град Порто и се вика книжарница „Лело“ (позната и како книжарница „Лело & Ирамо“ или книжарница „Шардрон“). Името доаѓа од браќата Лело кои и официјално ја отвориле книжарницата во 1906 година.

Книжарницата „Лело“ била основана во 1869 година од еден Французин кој се викал Ернесто Шардрон. Најпрво била наречена „Меѓународна книжарница на Ернесто Шардрон“, а потоа во 1894 година била купена од браќата Лело.

livraria-lello

Хозе Лело, најстариот брат, отсекогаш сакал да продава книги и бил страстен љубител на книгите. Тој ја отворил својата прва книжарница и издавачка куќа во 1881 година. На почетокот тој имал партнерство со својот зет, но откако тој починал, Хозе станал партнер со својот помлад брат Антонио Лело и тие двајца ја основале компанијата „Хозе Пинто де Суса Лело & Ирмао“.

Хозе и Антонио Лело биле важен дел од интелектуалните кругови на Порто и биле длабоко вклучени во сите јавни работи на градот. Отворањето на книжарата бил важен општествен настан на кој присуствувале луѓе од различни области, вклучувајќи и поети, уметници, писатели и политичари. Како што се менувале сопствениците, така се менувало и името на книжарницата. Во 1930 година била позната како книжарница „Лело“, но некаде околу 1935 година била преименувана во „Лело & Ирмао“’.

Надворешноста на книжарницата значително отскокнува од своето опкружување. Изгледот бил дизајниран од  Франсиско Хавиер Естевес, португласки инженер и самото здание е едно од најистакнатите примери на нео-готски стил во Порто. Фасадата има голем лак, централен влез и два прозорци на двете страни од главната врата. Знакот со името на книжарата се наоѓа над влезот.

lelo

На првиот кат има три правоаголни прозорци. Две фигури се нацртани на ѕидот на првиот кат од страна на професорот Хозе Биелман. Фигурата од лево е симболичко претставување на уметноста, а фигурата десно ја претставува науката. Фасадата завршува со квадратни плитки на кои се наоѓаат три украсни врвови, со по две пиластри на секоја страна и врз нив има врвови со ист таков дизајн.

Најпрекрасниот дел од книжарницата е нејзината внатрешност. На приземјето има сет од барелеи кои ги претставуваат Хозе и Антонио Лело и бисти од неколку познати португалски писатели. Тие се создадени од португалскиот уметник Ромао Јуниор.

Величествени скалила водат кон првиот кат.  Над скалилата има голем насликан прозорец кој ја содржи монограмата на браќата Лело и на неа е насликано и мотото на книжарницата „Decus in Labore“ (Достоинство во работата). Дизајнот на таванот личи на резбано дрво, но всушност се работи за насликан гипс.

bookstore-porto-livraria-lello-840x554

Познатата британска писателка Џ.К. Роулинг речиси 10 години живеела во Порто и работела како професорка по англиски јазик. Таа постојано доаѓала во книжарницата и гласините велат дека голем дел од идеите за Хари Потер се создале токму во моментите кога таа го посетувала малото кафуле во книжарницата. Наводно, скалилата во Хогвартс се инспирирани од скалилата на книжарницата, а униформите кои учениците во Хогвартс ги носат сосема е можно да се инспирирани од униформите на учениците во Порто.

Во 1994 година, книжарницата „Лело“ го добила статусот на Имот од јавен интерес. Во 1995 година, по декади на руинираност, книжарницата била реновирана. Се создал простор и за уметничка галерија, а целиот систем бил обновен и модернизиран. Денес, книжарницата има над милион посетители годишно.

За жал, незначителен дел од тие посетители купувале книги, па сопственикот морал да наплаќа влез за во книжарницата. Посетителот добива попуст на картата доколку купи книга. Тие пари му биле потребни за да може да го спроведе потребното реновирање. Во 2016 година, големиот прозор кој се состоел од 55 парчиња, конечно бил симнат, исчистен и поправен.

livraria-lello-stairs-bookshop1216

За многумина, ова е најубавата библиотека во светот. „Гардијан“ во 2008 година и „Лоунли Планет“ во 2011 година ја прогласија за трета најубава книжарница во светот. Списанието „Тајм“ ја смести меѓу петнаесетте најинтересни книжарници, а „Си-Ен-Ен“ во 2014 година ја прогласи за најубава книжарница во светот.

Извор.

Leave a comment