Книжевни препораки од Џ.К. Роулинг!

Благодарејќи на серијалот книги за волшебникот Хари Потер, Џ.К. Роулинг е една од најпознатите и најпризнатите писателки на денешницата. Магичниот свет на Хари Потер и неговата дружина ги зароби срцата на милиони деца ширум светот, а и возрасните не останаа имуни на ова.

Britain Scotland Celebrities

Филмската екранизација на серијалот уште повеќе го зацврсти местото на Роулинг помеѓу најсаканите писатели на денешницата. Како што знаеме сите, за да се биде добар писател, секако дека е неопходно да се биде и страстен читател на книги. И писателите, како и ние, обичните смртници, имаат свои омилени книги и писател(к)и. Денес на блогот можете да прочитате шест книжевни препораки од Роулинг, иако ги има навистина многу.

 „Ема“ – Џејн Остин

EMA_Ostin copy

Џејн Остин е омилената писателка на Џ.К.Роулинг, а „Ема“ е омилената книга од опусот на Остин. Таа има кажано дека веќе не ни знае колку пати ги има прочитано нејзините книги, а „Ема“ ја има прочитано најмалку 20 пати. Во едно интервју со Опра Винфри, Роулинг изјави дека никогаш нема да напише толку добар пресврт како оној во „Ема“ и дополнително вели: „Едноставни сте привлечени кон приказната и кога ќе завршите на другиот крај, сфаќате дека сте сведочеле на нешто неверојатно. Но, не ја гледате пиротехниката, нема ништо светкаво.“

„Хамлет“ и „Магбет“ – Вилијам Шекспир

516_53_35_15__18__12_2013d180d0bed0bcd0b5d0be20d0b820d198d183d0bbd0b8d198d0b0

„Магбет“ е една од најомилените книги на Роулинг, дури и самиот заплет на книгата влијаел на создавањето на заплетот на „Хари Потер“. А што се однесува до „Хамлет“, оваа книга била една од препораките на Роулинг за ученици во основно училиште.

Малите женички“ – Луиза Меј Алкот

1934

Роулинг многу ја сака оваа книга и во една прилика има изјавено: „Џо Марч е мојата омилена книжевна хероина. Тешко е да се објасни колку таа ѝ значеше на едно мало, обично девојче кое се викаше Џо, кое имаше избувлив темперамент и нескротлива амбиција да биде писателка.“

Шери“ – Колет

389115

Оваа книга заедно со делата на Шекспир и ПЏ Водихаус се работите кои би ги понела со себе на пуст остров. „Шери“ е приказна за една жена и нејзиниот самобендисан млад љубовник и е омилената приказна на Роулинг. Таа вели: „Никогаш нема да можам да пишувам како Колет. Никогаш досега не сум нашла ништо што може да се мери со нејзините описни пасуси.

„Лолита“ – Владимир Набоков

485_29_48_14__21__5_2013lolita-final20copy20copy

„Има две книги чии последни реченици секогаш ме тераат да плачам, без оглед на тоа колку пати сум ги прочитала. Едната од нив е „Лолита““. Како и многумина кои ја сакаат ова контроверзна приказна, Роулинг ја сака поради стилот на пишување. „Едноставно нема доволно време за да се објасни како еден заплет кој можеше да биде најбезвредната порнографија, во рацете на Набоков се претвори во трагична приказна и можам да го исцрпам мојот резервоар со суперлативи при мојот обид да го објаснам квалитетот на пишувањето.“

 

 

 

Leave a comment