Три работи што можеби не сте ги знаеле за Лав Толстој!

Лав Николајевич Толстој се родил во аристократско семејство во 1828 година и денес се смета за еден од најдобрите писатели на сите времиња. Откако доживеал неверојатен светски успех со неговите романи „Војна и мир“ и „Ана Каренина“, Толстој се откажал од поголемиот дел од привлилегиите од неговата младост и се фокусирал на духовни работи, прифатил поинаква морална филозофија и пристапил кон поедноставен живот и пацифизам. Неговиот начин на живот привлекол многу следбеници како Махатма Ганди и Мартин Лутер Кинг.

tolstoy_croppedjpg

Еве неколку интересни факти за овој феноменален писател.

Толстој бил од зависник од самоподобрување

Делумно инспириран од тринаесетте доблести за живеење што Бенџамин Френклин ги напишал во својата автобиографија, Толстој создал навидум бескрајна листа со правила според кои тој се водел во животот. Додека некои делуваат нормално, како на пример легнување во десет часот навечер и станување во пет часот наутро, со не повеќе од двочасовна дневна дремка, како и умерено јадење и избегнување благо, некои даваат увид во долгата борба на Толстој со своите внатрешни демони, како на пример неговата желба да ги ограничи посетите на борделите на „само“ двапати месечно и неговото себе-осудување на неговите младешки коцкарски навики.

Уште додека бил тинејџер, тој одвреме-навреме пишувал „Дневник со дневни обврски“ во кој пишувал за тоа како му поминал денот и правел планови за следниот ден. Ако и тоа не било доволно, тој правел листа со неговите морални неуспеси (листа која никогаш не ја довршил, затоа што постојано додавал работи) и дури нашол и време да создаде прирачници за сѐ: од слушање музика до играње карти во Москва.

Жена му на Толстој значително му помогнала да ја заврши „Војна и мир“

Во 1862 година, 34-годишниот Толстој се оженил со 18-годишната Софија Бернс, ќерката на еден дворски лекар, само неколку недели откако се запознале. Истата таа година, Толстој почнал да работи на делото што подоцна ќе биде познато како „Војна и мир“, завршувајќи го првичниот ракопис во 1865 година.

article-1220646-066e8808000005dc-123_468x306

Откако го завршил ракописот, тој веднаш почнал да се навраќа и да поправа, и да поправа, и да поправа… а Софија била задолжена рачно да ја напише секоја верзија (често користејќи лупа за да ги дешифрира шкрабаниците на Толстој). Во наредните седум години, таа одново го напишала целиот ракопис и тоа осум пати (а некои поединечни делови ги напишала речиси 30 пати), а истовремено родила и четири од вкупно тринаесетте деца што ги имале во животот и се грижела за целиот имот, сметки и плаќања.

Руската православна црква се откажала од него

По неверојатниот успех на „Ана Каренина“, Толстој почнал да се чувствува многу неудобно поради неговата аристократска позадина и богатството кое постојано се зголемувало и паднал во серија од емотивни и духовни кризи кои довеле до тоа тој да почне да ја преиспитува својата верба во принципите на организираната религија, за која тој велел дека е корумпирана и не е во согласност со неговото толкување на учењето на Исус Христос. Отфрлањето на религиските ритуали и неговите напади врз улогата на државата и концептот на право на сопственост создало судир со двата најмоќни субјекти во Русија. И покрај неговото аристократско потекло, царските власти го ставиле под надзор, а Руската православна црква се откажала од него во 1901 година.

Доколку сакате да знаете повеќе за Лав Толстој, на блогот прочитајте повеќе за несреќниот брак на Толстој и за култот кој настанал во негова чест.

 

Leave a comment