Денес повторно на ред е споделување на прекрасна македонска поезија. Изборот падна на „Проштално“ од Никола Вапцаров.
Проштално – Никола Вапцаров
На жена ми…
Понекогаш ќе идам в твојот сон
ко нечекан и далек гост…
Ти, не ме оставај на патот, вон,
Од порти истај го лостот!
Ќе влезам тивко, кротко ќе си седам
Крај тебе, в мракот втренчен, да те гледам сам!
И кога наситен ќе запрам да те гледам,
Ќе ми те бакнам и – ќе заминам.

