Драги љубители на книги, сигурно веќе се подготвувате за претстојните новогодишни и божиќни празници. Доколку барате совршен подарок за да стоплите нечие срце во овој период, тогаш сигурно ќе го најдете на Зимскиот саем на книга кој во следните 5 дена (25 – 30 декември) ќе се одржува во Градски трговски центар (ГТЦ).

Зимскиот саем го организира Македонската асоцијација на издавачи, а на Зимскиот саем, по намалени цени, ќе можете да купите некое од изданијата на издавачките куќи: Арс Ламина, ТРИ, Антолог, Сакам книги, Полица, Култура, Топер и Едука Мак Паблишер. Саемот ќе трае секој ден од 09:00 до 19:00 часот.
За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук.
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук
