Последната недела од годината што изминува секогаш е пропратена со многу настани, собири, дружења, но и попусти, а за љубителите на книги нема ништо поубаво од предновогодишен шопинг на книги, бидејќи тоа значи уште нови книги, освежување на домашната библиотека и поголем избор за читање за време на празниците.

Книжарницата Или-Или ви нуди одлична можност да ја подновите домашната библиотека со своите попусти на нивните изданија. Под слоганот „Новогодишни книжевни радости“, Или-Или нудат одлични попусти кои се движат од 20% до 70%.
Новогодишните книжевни радости во Или-Или започнаа вчера, а ќе траат сѐ до 13.01.2018 година.
На официјалниот настан на Фејсбук можете да добиете повеќе информации, како и да го погледнете каталогот со книги кои се на попуст, заедно со намалените цени.
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук
