По неверојатниот успех кој Игор Џамбазов го имаше со своите книги „Гол човек“, „Прирачник за анти антиалкохоличари“, „Облечен човек“, „Приказни од Мјаукедонија“ и „Умрен човек“, најпопуларниот македонски шоумен повторно ќе ги израдува своите обожаватели со нешто сосема ново.

Новата книга на Игор Џамбазов се вика „Улица Диши длабоко“ и претставува своевиден збир на сите песни кои досега ги напишал и за себе и за други. Освен збирката текстови, книгата е полна со интересни анегдоти и за самиот процес на создавање на песните, како и пријателните и помалку пријатните околности во коишто се наоѓал тој во тоа време.
Нема сомнение дека и оваа книга ќе биде хит, а доколку сакате да ја изразите својата поддршка или повеќе да се информирате за книгата, тогаш дефинитивно треба да отидете на промоцијата на книгата којашто ќе се случи денес (27 декември), во ресторанот „Вип база“ („3-та Македонска бригада“, во склоп на Американ колеџ), со почеток од 19 часот.
Стандардно и традиционално, Игор Џамбазов ја продолжува својата соработка со Издавачкиот центар ТРИ, па така и оваа книга е издадена под капата на ТРИ.
Се гледаме таму!
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук
