На денешен ден светот го изгуби Дејвид Боуви, еден од најголемите генијалци во светот на музиката. Многу добро е познато тоа дека Дејвид Боуви бил огромен љубител на книги, тој на својот Фејсбук профил во 2013 година ја објави својата листа на омилени книги, која исто така можете да ја прочитате тука.

Во негова чест и во чест на омилените книги на Дејвид Боуви, синот на Боуви, Данкан Џејмс, реши да започне книжевен клуб во кој може да учествуваат сите и каде ќе се читаат омилените книги на татко му. Ова е одличен начин да се чествува споменот на великанот, а воедно да се навлезе и во светот на неговите омилени книги, меѓу кои има и навистина прекрасни книги.
Во својот твит, Данкан Џонс вели:
„Мојот татко беше ѕвер за читање. Една од неговите вистински љубови беше прошетката на Питер Акројд низ историјата на Британија и нејзините градови. Низ текот на времето почувствував обврска да почнам да одам по истиот книжевен маратон како и татко ми. Колку што дозволува времето.“
Ова е одличен предизвик и за сите љубители на книги, не само за обожавателите на Дејвид Боуви. Книжевниот клуб е виртуелен и онлајн и сѐ што треба да правите е да го следите твитер профилот на Данкан Џејмс и да се приклучите на дискусијата кога ќе дојде време за тоа.
Првата книга која моментално се чита е „Хоксмор“ на Питер Акројд, а имате време до 1 февруари, по што потоа најверојатно ќе следи дискусија за книгата и потоа ќе се започне со нова книга.
Како што можете да видите и на линкот погоре, меѓу омилените книги н Боуви има и прекрасни класици, такашто одвај чекам да ја видам следната книга за читање.
Започнувањето на книжевниот клуб беше објавено и на официјалниот инстраграм профил на Дејвид Боуви.
Се читаме!
Во меѓувреме, тука можете да ја прочитате листата со омилени книги на Боуви, а тука да ги прочитате одговорите на неговиот Прустов прашалник.
