Книги и ракописи кои со векови се криени од очите на јавноста!

Низ историјата, многу книги биле забранувани и палени во зависност од политичкиот режим, а и според општествената прифатливост. Книгата како предмет на влијание врз човековата свест може да биде опасна, а тоа го покажала и „Мојата борба“ на Адолф Хитлер, но свесни сме дека многу поголемо може да биде позитивното влијание преку проширувањето на видиците и разновидноста во начините на размислување.

Луѓето кои го имале овој позитивен став, не само за книгите, туку и за секој вид записи, се труделе да ги зачуваат по секоја цена, сфаќајќи ја нивната важност за подалечната иднина.

Преку скорашниот пример со пронаоѓањето на подземната соба за читање во Дамаск, т.н „Тајната библиотека во Сирија“, во која волонтерите пронашле повеќе од 14.000 книги кои биле скриени од владеењето на Асад, денес можете да прочитате повеќе интересни примери за скриени записи во светот.

Библиотека во пештера

1

На границата на пустината Гоби во Кина, постои една мрежа на пештери, наречени 1000 пештери на Буда, кои веќе 1000 години се затворени. Никој не знае зошто навистина се затворени, но едно од мислењата е дека тоа се случило во 1305 година за да се заштитат од Исламските Караканиди.

Еден од таоистичките монаси, кој бил чувар на овие пештери, во 1900 година пронашол скриена врата која води до соба преполна со ракописи од 11 век. Особено интересен е документот „Дијамант Сутра“, кој ја претставува суштината на светоста на Будизмот.

Една копија во пештерата датира од 868 година и претставува најраниот примерок на печатена книга. Покрај тоа, тоа е потсетник дека печатењето изворно доаѓа од азискиот континент и дека првобитно започнало како еден вид молитва.

Ватиканските тајни архиви

archives-046

Многубројни контроверзии се врзуваат за ватиканските архиви, почнувајќи од збирката на вонземјански глави до временската машина Хроновизор, која наводно ја направил монахот Бенедиктин за да го врати времето и да го сними распнувањето на Исус Христос.

За да ги отстранат сите наведени сомнежи, Ватикан одлучил да ги отвори своите архиви за јавноста во музејот Капитолино, во Рим. Од 1922 година, пристапот до делата со личните афери на кардиналот не бил дозволен, а сѐ до доаѓањето на Папата Пиј XII на престолот, пристапот до сите архиви бил комплетно забранет.

Ватиканските архиви ги чува швајцарската стража и полицијата на ватиканскиот град. Едни од најинтересните документи кои можат да се најдат таму се барањето на кралот Хенри VIII за поништување на бракот со Катарина од Арагон. Покрај тоа, постојат и преписки на Ватикан со многубројни великани како Моцарт, Еразмо, Волтер, дури и Хитлер.

Тајната на египетската синагога

article_original_3937_2012206_02513143-600x323

Фустат, некогашниот главен град на Египет, во една од своите синагоги Бен Езра, криел над 28.000 еврејски ракописи. Скриени повеќе од илјада години, конечно биле пронајдени во 1874 година, а нивната важност е потврдена во 1896 година кога шкотските близначки ги покажале ракописите на еден академик од Кембриџ.

Според еврејскиот закон, ниту еден запис кој го содржи името на Бог не смее да се фрли, а записите кои повеќе не се користат се складираат во синагогите или на гробиштата, сѐ додека не се одобри нивното спалување. Скривалиштата се викаат гениза, што на хебрејски значи „да се скрие“, а подоцна го добило и значењето „архива“.

Документите кои можат да се најдат во Бен Езра се од периодот од 9 до 19 век. Тие откриваат дека еврејските трговци соработувале со христијаните и муслиманите, дека кон евреите се однесувале многу потолерантно отколку што се мислело и дека антисемитизмот тогаш не бил толку познат и распространет.

Важноста на ракописите од синагогата е во постојан пораст, а во 2013 година, библиотеките на Кембриџ и Оксфорд заедно собирале приходи за да ги сочуваат овие записи.

Скриената содржина во Лајданската библиотека

leiden_1610

Постојано се изненадуваме кога ќе откриеме колку може книгите да нѐ инспирираат, променат или едноставно да влијаат на моменталното расположение.  Студентите на Лајданскиот универзитет во Холандија, со причина можат да кажат дека една книга којашто тие ја читале не само што го променила нивниот живот, туку и влијаела на севкупното знаење за историјата на Средниот век.

На овој холандски универзитет, една од задачите било да се проучува архивата од Средниот век. Проаѓајќи низ голем број книги, во една од нив тие забележале 132 записи, писма и рецепти од неидентификувани судови од областа Рајна, кои биле скриени во корицата на една книга испечатена во 1577 година.4

Истиот професор на Лајданскиот универзитет, кој всушност бил тој кој ја задал обврската за проучување на книгите со историско значење, во 2015 година почнал да ги скенира сите книги и создал посебна техника за откривање на содржината на корицата на книгите во случај да се појави уште некоја таква вредна документација.

Извор.

Leave a comment