Агата Кристи: „Само луѓето кои ги сакаш можат да ти го направат животот неподнослив!“

Агата Кристи несомнено е една од најпознатите писателки на сите времиња и на одреден начин се смета за мајка на детективските романи. Нејзините романи и по толку децении по нивното објавување сѐ уште се релевантни, а ретко кој може да парира на нејзините мистерии.

Денес на блогот можете да прочитате збирка од неколку нејзини мисли кои ми беа навистина интересни и досетливи, па можеби и вам ќе ве инспирираат, насмеат, замислат, итн.

Доколку сакате да прочитате неколку интересни факти за Агата Кристи тоа можете да го направите тука, а тука прочитајте за неверојатното исчезнување на Агата Кристи кое делува како да е излезено директно од некој од нејзините романи.

Уживајте!

1_UqIDZsDXiXDlEDzz1HwbTg

„Сакам да живеам. Понекогаш сум била лудо, диво, очајно и акутно мизерна, полна со тага. Но, и покрај сѐ, сѐ уште можам со сигурност да кажам дека навистина е прекрасно да се биде жив.“

„Каење. Тоа е губење време.“

„Кога од сопственото искуство ќе дознаете што значи ужас, тогаш вие сте вооружени против сѐ во животот.“

„Љубовта на мајката кон нејзиното дете не може да се споредува со ништо на светот. Не познава закони, ниту сожалување. Ги предизвикува сите работи и безмилосно гази сѐ што ѝ стои на патот.“

„Никогаш не го прави сам она што некој друг може да го направи за тебе.“

„За сѐ што сакате морате да платите некаква цена.“

„Младите мислат дека старите се будали, но старите знаат дека младите се будали.“

„Ако ја ставиш главата во устата на лавот, тогаш не можеш да се жалиш ако еден ден ти ја откине главата.“

„Една од најсреќните работи кои можат да ви се случат во животот е среќното детство.“

„Секој убиец најверојатно е нечиј стар пријател.“

„Сите гревови фрлаат долги сенки.“

„Сите велеа: „Следи го срцето“. Го следев. Се скрши.“

„Само луѓето кои ги сакаш можат да ти го направат животот неподнослив.“

„Инстинктот е прекрасна работа. Не може ниту да се објасни, ниту да се игнорира.“

„Кога во прашање е голема сума пари, препорачливо е да не верувате никому.“

„Човек никогаш не ги препознава вистински важните моменти во животот сѐ додека не е предоцна.“

„Злото не е нешто надчовечко, тоа е нешто помало од човекот.“

„Идеалниот маж е археолог. Како што старее жената, тој толку повеќе се интересира за неа.“

„Жената полесно заборава од мажот, но и полесно се сеќава на она што го заборавила.“

„Има преголема тенденција на Бог да му се припишува зло за работи кои човекот ги прави со својата слободна волја.“

„Една од најтажните работи во животот се работите кои човек ги памети.“

„Времето е најдобриот убиец.“

 

Leave a comment