Денес започнува традиционалниот Саем на книга во „Матица“!

Како и секоја година, така и оваа, книжарницата „Матица“ организира Саем на книга кој нуди многу попусти за љубителите на книги. Сигурно читавте многу за време на празниците, па одлично би ви дошло освежување на домашната библиотека и надополнување на резервите за читање во следниот период.

Саемот ќе се одржи во периодот од 22 до 31 јануари, а попусти ќе има и во книжарницата популарно наречена „Булеварот на книгите“, но и во „Паркот на книгите“, обете книжарници на издавачката куќа „Матица“.

26196014_1667430236628980_8189738946940956313_n

Според официјалниот настан на Фејсбук, голем дел од класичните и современи книжевни дела ќе бидат значително намалени, како и голем број наслови од полето на белетристика, енциклопедии за деца и за возрасни, психологија, филозофија, историја, драма, трилер, мистика, гастрономија, право, политика, лексикографија, езотерија, поезија, креативни и друштвени игри, прирачници.

Освен тоа, првпат ќе бидат понудени и некои нови наслови во издание на Матица, такашто, љубители на книги, оваа недела е идеална да се подновите со нови книги!

Тука можете да го најдете и нивниот саемски каталог.

 

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук 

Leave a comment