Во организација на неколкумина ентузијасти од Фејсбук групата „Размена на книги/Book Exchange“, оваа сабота (27.01.2018), со почеток од 17 часот, се организира опуштен и неформален настан на кој ќе се разменуваат книги.

Во кафе-книжарницата Магор, во опуштена атмофера ќе имате можност да размените книги и да си отидете со книгата која долго време ја барате, а воедно ова е и одлична можност да се запознаете и со други љубители на книги и да поразговарате за вашите омилени книги, да чуете интересни препораки, а можеби и вие некому да дадете некаква книжевна препорака.
Со оглед на тоа дека се работи за неформален настан, нема некаква посебна агенда за настанот, но има две правила кон кои е пожелно да се придржувате:
1. Никој да не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена.
2. Колку книги сте донеле – толку книги можете да земете.
Доколку немате што да правите во сабота, еве ви одличен настан!
Официјалниот настан на Фејсбук можете да го погледнете – тука.
Инаку е ова вториот настан од овој тип во организација на љубителите на книги од групата „Размена на книги“. Претходната размена на книги и книжевни муабети се случи во декември.
