Македонска поезија: Песна од Игор Исаковски!

Денес повторно е на ред споделување на македонска поезија. Изборот падна на една песна од Игор Исаковски, од збирката „Љубовна“. Ова ми е една од најдрагите македонски песни, се надевам дека и вам ќе ви се допадне!

***

првите дождовни капки дојдоа
помешани со детски плач

првата тишина дојде
навеана од силни ветришта

те мислам молчеливо
ме посакуваш премолчено

последната мисла помина
како струен удар низ ум

последниот збор одмина
како здив на разурнато ѕитче

во себе градиш градови
во тебе градам светови

молчиме

подобро ни е сами

22519150_1572312662791242_8070436911217020943_n

 

Leave a comment