Денес е петок, прекрасен ден за македонска поезија, па така на блогот можете да прочитате една прекрасна песна на Гане Тодоровски посветена нашиот прерано заминат Тоше Проески.
Еден човек – Гане Тодоровски
За Тоше Проески
Има еден има еден
Многу многу многу човек –
Белки цело човештво?!
Чунки живо божество?!
Има еден има човек
Од човека почовек е:
Прецедена човештина!
Препечена убавина!
Топлината на душата
Ти ја дава да се згрееш;
Бистрината на главата
Ти ја дава да успееш…
Тој со зборови те гледа,
Тој со очите ти збори –
Малкузборник – многусторник
Те облекува во грижи.
Го сретнеш ли, ти среќата
За цел живот ќе ја имаш,
Го видиш ли – видовит си,
Го снема ли – тешко тебе!
Има таков многучовек,
Твоето е да го бараш.

