Мапата на светот според „1984“ на Џорџ Орвел!

„1984“  е една од најмоќните книги некогаш напишани. Приказната за тоталитарната држава и Големиот брат кој контролира сѐ и во секое  време. На блогот веќе имам пишувано за „1984“, а овојпат ќе се осврнеме на „географскиот“ дел од книгата, односно имате можност да ја видите мапатa на светот од „1984“.

За оние кои не ја прочитале книгата, главното дејство на книгата се случува во Океанија, која, во зависност од моментот, војува или со Евроазија или Истазија. Тоа се трите светски моќи кои се борат за превласт во светот на Орвел.

Секако дека е лесно да се нацрта мапа од трите империјални моќи кои во книгата владеат со светот. Франк Џејкобс од „Биг Тинк“  совршено ја објаснува поделбата:

Океанија ги покрива Америка, Океанија (континентот) и Велика Британија и таа е главната локација каде што се одвива дејството во „1984“.
Евроазија ја покрива Европа и речиси целиот Советски сојуз.
Истазија ги покрива Јапонија, Кореа, Кина и северна Индија.

Овие три супермоќи постојано се во војна едни меѓу други, иако сосема е нејасно кој војува со кого. „А сепак…војната можеби и воопшто не е реална“, можеби и таа е само производ на Министерството за Вистина, за да добие согласност за штедење, масовно следење и прислушкување, исфорсиран национализам и слично. Сосема е можно дека целата геополитика во книгата е измислена од бела покривка.

1200px-1984_fictitious_world_map_v2_quad-svg_

Еден човек кој искоментирал на мапата откако била објавена на социјалната мрежа Редит, укажува на тоа дека „не постојат докази во книгата кои откриваат дека навистина е таков светот во „1984“. Лорен Дејвис вели дека мораме да гледаме на мапата со недоверба и да ја гледаме како нешто измислено, нешто како илустрација за тоа „како лековерниот жител на Океанија, вооружен само со мапи кои се дистрибуирани од Министерството за Вистина, го гледа светот, колку големо изгледа царствтото на Океанија и колку блиску се наводните непријатели во Еуразија.“ Тоа е светот којшто си го замислуваат ликовите во книгата.

Како што знаеме, сите мапи се дисторзии, обликувани од идеологија, уверувања, перспективна пристрасност. Ограничената нарација во трето лице ги изразува ограничените погледи на граѓаните во тоталитарна држава. Таква држава секогаш користи сила за да ги спречи луѓето независно да ги проверуваат информациите кои постојано се менуваат и се контрадикторни едни со други. Но, самата книга тврди дека таа сила во поголемиот дел  е нерелевантна. „Патролите не беа важни… Важна беше само Мисловната полиција.“

Според Ноам Чомски, во фикцијата на Орвел, слични резултати како оние во тоталитарните држави „може да се постигнат и во слободни општества како Англија“ и тоа преку образованието и масовна медиумска контрола. Највознемирувачкото нешто при гледањето на едноставноста на оваа мапа е тоа што таа изгледа како речиси сѐ што еден обичен човек знае.

Таа е всушност метафора за застрашувачко широките полиња на незнаење и можностите кои можеме само да ги замислиме, бидејќи Винстон Смит и неговите сограѓани повеќе ја немаат таа способност, дури и ако ги имаат средствата.

 

 

 

Leave a comment