Македонска поезија: „Снег“ од Блаже Конески!

Генерално земено, снегот предизвикува радост кај луѓето. И кај децата и кај возрасните. Има нешто магично во целата снежна атмосфера која предизвикува некакво чувство на мир, хармонија и среќа.

Со оглед на тоа што годинава конечно се израдувавме на снег, денес на блогот можете да ја прочитате песната  „Снег“ на великанот Блаже Конески.

Снег – Блаже Конески

Завева белиот снег
неколку привични пата.
Долу пред мојата врата
гинат белокрили јата
тихо во спокој мек.

Белиот небесен снег
реди еднолична сказна,
дека е душава празна,
сама пред осуда мразна –
кажува белиот снег.

Шепоти: сам си, сам.
А јас се спремам назад,
нозеве пак да газат
патишта што се мразат –
до денот, што го знам.

Purchase this image at http://www.stocksy.com/142653

Leave a comment