~ Цитат на денот ~

На 2 март 1921 година, се родил Коле Чашуле, еден од најпознатите македонски драмски писатели. Негово најпознато дело е „Црнила“,  драма чие дејство се врти околу атентатот на македонскиот револуционер Ѓорче Петров. Самата драма има извонредна тежина и значење, бидејќи преку неа се доловуваат црнилата на македонската историја.

Самиот тој вели дека инспирација добил од убиството на Ѓорче Петров во кое видов кревање рака на својот идеал. Усмртувањето на Ѓорчета од македонска рака, а во служба на антимакедонски однародени интереси, за мене станаа симбол на македонските црнила воопшто“.

Во чест на денот на неговото раѓање, за цитат на денот ја одбрав последната реплика од драмата, која со себе носи мелодраматичност, но и ја продолжува неизвесноста…

the-theatre

Leave a comment