Кафе и книги наполни 3 години!

На 4 март 2015 година, ја напишав првата објава на Кафе и книги и така се роди овој блог. Овој блог настана како плод на мојата љубов кон книгата и желбата барем за момент да придонесам кон тоа македонскиот интернет простор да се збогати со повеќе книжевни содржини.

d54206694dc2f41845be333a1ff3776c

Со текот на времето, блогот почна да се развива и некако си доби своја читателска публика со која секогаш ми е задоволство да разменувам мислења, да слушам сугестии и предлози и да видам што читате и во кои книги уживате.

Драго ми е што после три години, Кафе и книги прерасна во блог кој нуди интересни содржини кои се читани, а многумина токму тука си наоѓаат интересни предлози за читање. Никогаш не верував дека ќе стане блог кој ќе биде читан и споделуван, па затоа се надевам дека и во иднина ова ќе биде ваше катче во кое ќе си наоѓате содржини кои ќе ве забавуваат, кои ќе ви понудат интересни информации за вашите омилени книги и писател(к)и, а можеби и баш тука ќе најдете предлози за книги кои ќе ги засакате и во кои ќе уживате.

Во текот на овие три години, статиите и објавите на блогот биле прочитани вкупно 91.784 пати, а вкупно 59.996 луѓе го посетиле блогот. Бројки кои неизмерно ме прават среќна.

28616542_1079290928887031_7300811040750450310_o

Во продолжение можете да ги прочитате и 10-те најчитани статии на блогот за изминатата година.

Ви посакувам уште еден месец полн со прочитани книги.

Срдечен писателски поздрав,

Марија

Најчитани објави на блогот во 2017 година:

 

Leave a comment