Погледнете го трејлерот за екранизацијата на „Фаренхајт 451“!

„Фаренхајт 451“ на Реј Бредбери е еден вистински класик, прекрасна книга која не остава никого рамнодушен. Книгата за еден пожарникар кој наместо да гаси пожари, тој всушност припаѓа на единица која гори книги, не престанува да ги воодушевува читателите ширум светот.

maxresdefault

А сега, во 2018 година, книгата ќе доживее своја екранизација во која главните улоги ги толкуваат Мајкл Б. Џордан и Мајкл Шенон. Режисер на филмот е Рамин Бахрани, кој воедно го напиша и сценариото за филмот.

Џордан го глуми Гај Монтаг, а Шенон го глуми неговиот шеф, капетан Бити. Гај Монтаг, како и во книгата, е пожарникар кој пали книги, но кој одеднаш се наоѓа растргнат помеѓу неговата професија и бунтовноста која се раѓа во него. Целото општество во приказната е општество зависно од телевизија и технологија.

„Фаренхајт 451“ е вистински класик за кој веќе имам пишувано на блогот. Доколку ја немате прочитано книгата, топло ви ја препорачувам, а за оние кои веќе ја прочитале – не ни останува ништо освен да чекаме до мај, за кога е закажана премиерата. Инаку зад целиот проект стои „HBO”.

Инаку, знаете ли зошто книгата се вика „Фаренхајт 451“?
Затоа што тоа е температурата на која гори хартијата.

Во продолжение погледнете го трејлерот:

Leave a comment