Македонска поезија: „Ѕвона“ од Матеја Матевски!

На денешен ден, 13 март 1929 година, роден е големиот македонски поет – Матеја Матевски. Во негова чест, денес на блогот можете да ја прочитате неговата песна „Ѕвона“.

Ѕвона – Матеја Матевски

Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
Звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.

Некаде ѕвони. Продолжително остро и нежно.
Глуво е сѐ. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.

Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно.
Бегајте низ кавезот звучен
глуво и безнадежно.

Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.
Сѐ е затворено. Опчинет
за звуците сум виснал.

Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом.
Време, удри и ти по споменот
грубо и незаситно.

Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
Сѐ боли, небо. По тревата
на звуците познати легни ме.

maxresdefault1

Leave a comment