Не постои љубител на книги кој не ги сака и почитува библиотеките. Библиотеките се еден своевиден храм на знаењето, место во кое кога ќе влезете, едноставно ја чувствувате сета мудрост и различни места кои ве чекаат на полиците.
Денес на блогот ги славиме библиотеките и во нивна чест можете да погледнете како една библиотека му го променила животот на момчето чиј татко бил чувар во истата библиотека.

Се работи за едно кратко и анимирано видео во кое Роналд Кларк зборува со својата ќерка и го опишува своето детство минато во библиотеката. Во еден момент тој вели дека можеби бил сиромашен, но никој немал повеќе книги од него.
Погледнете го одличното видео:
Видеото е производ на организацијата StoryCorps.
