Тие гореле за идеи: Од Џордано Бруно преку Салем до книгите кои ги палел Хитлер!

Добра е таа работа. Во понеделникот запали ја Милеј, во среда Витмен, во петок Фокнер, нека горат до пепел, а потоа запали го и пепелот. Тоа е нашиот официјален слоган“, вели Монтаг во книгата на Реј Бредбери.

Во делото „Фаренхајт 451“, книгите ги палат поради идеите: читањето ги прави луѓето несреќни и им буди лоши чувства. Сѐ додека Монтаг не го прекрши правилото кое со години го почитувал и законот кој го спроведувал. А потоа читајќи ги книгите кои претходно ги палел, тој ја сфаќа нивната вредност.

Тие и нивните дела гореле и останале несфатени до последниот ден.

Хелиоцентричната слика на светот – во потрага по вистината

Додека многумина бегале во потрага по слобода, Џордано Бруно не се откажал од своите идеи. Храбро говорел за хелиоцентричниот систем на Никола Коперник и ја дал својата теорија за движењето на небесните тела. Додека црквата сметала дека Земјата се наоѓа во средиштето на Универзумот, Коперник зборувал дека Сонцето е средиштето.

Наспроти неговите факти, Бруно ја надополнува теоријата на Коперник, сложувајќи се дека Земјата се врти околу Сонцето и околу својата оска.

Меѓутоа, Бруно смета дека Универзумот е бесконечен и дека има живот и на другите планети.

bruno

Постојат низа идеи поради кои тој бил обвинет за ерес. Еве дел од нив:

  1. Изјавата за „два реални и вечни принципи на постоењето: душата на светот и изворната материја од која се изведени сите битија“. Дали светот и луѓето се создадени од Бог или се изведени од материјата? Овој факт секако се коси со верувањата на Црквата.
  2. Идејата дека секоја реалност живее во вечната и бесконечна душа на светот, вклучувајќи го и телото: „Нема реалност која не е следена од духот и интелигенцијата“. Бесконечната душа во видот на материја која кружи во природата, бесконечната душа која не оди во Пеколот, туку по смртта повторно се враќа на овој свет во поинаков облик. Тој говорел како светот поседува душа, исто како и човекот, и ја нарекувал Анима Мунди.
  3. Означување на ѕвездите како „пратеници и предводници на Божјиот пат.“ На исклучително описен начин ги прикажал сликите од Сатурн, Јупитер, Марс, Сонцето, Венера, Меркур, Месечината и уште 49 планетарни слики.
  4. Спротиставување на доктрината на св. Томас за душата, духовната реалност, држена во заробеништво во телото кое не се смета за облик на човечко тело.За разлика од Галилеј кој бил приморан да се откаже од своите ставови дека Земјата е тркалезна, Бруно останал верен на своите идеи. На крајот бил спален на клада од страна на Инквизацијата.

„Ако некој сака да мисли како мнозинството, само затоа што мнозинството така мисли, тоа е доказ за неговата расипаност и нискост. Вистината не се менува само затоа што во неа веруваат или не веруваат повеќето луѓе.“

Пуританци – животот е проклетство

Среќата не постоела за пуританците. Тие себеси си одземале сѐ што можело да се одземе. Нивната идеја била тоа дека Божјиот гнев создал проклетство на Земјата. Идејата на пуританците се сведувала на прочистување на англиската црква.

Тие станале политички активни во 17 век кога тргнале по патеките на слободниот човек кон Новиот свет. Тие го нашле својот дом во Америка, во околината на Бостон, во малиот град Салем, кој е најпознат по вештерките кои тие ги ловеле и казнувале.

1200px-witchcraft_at_salem_village

За пуританците, Библијата била единствена книга, а нивното верување било засновано на калвинизмот. Покрај 10-те Божји заповеди, тие се воделе и по калвинистичкото верување кое е опишано во 5 точки.

  1. Тие се сметале себеси за робови на гревот и морално неспособни да ги надминат своите пороци.
  2. Бог ги спасува само избраните. Уште пред самото раѓање, запишано е дали Пуританецот ќе оди во Рај или Пекол. Бог избира дали тој ќе биде спасен или проколнат.
  3. Исто така се сметало дека Исус страдал за избраните и дека тоа Бог го одредил уште пред самото создавање на светот.
  4. Божјата милост не може да се добие или да се одбие. Бог со својата волја им ја дава на избраните.
  5. Само избраните имаат право и способност да живеат морален живот.

Покрај овие строги закони кои ги спроведувала црквата не е ни чудно што од обична грозница, во Салем се раѓа идејата дека се појавиле вештерки, кои се противеле на сѐ што е Свето. Се сметало дека нивното верување и самиот Ѓавол ќе ги спречи да му се приближат на Бога. Стравувајќи за својата вера, тие започнуваат лов на вештерки. Голем број недолжни и невини страдале. Голем број жени, па и мажи и деца, биле врзувани и бесени.

Во јануари 1687 година, судот во Масачусетс прогласил Ден на жалост поради трагичното и незаконско судење на вештерките во Салем. Така, од една идеја за Новиот свет и мирот на Земјата, се родила идејата за вештерки кои би им го одзеле и она мало парче мирен живот кој го воделе.

Хитлеротвиот нов систем на образување – анти-интелектуализам

Човековите откритија, како и тежнеењето кон нови истражувања, се јавуваат уште со пронаоѓање на огнот, а Хитлер сакал да започне нов систем на образование, палејќи книги кои ги сметал за непотребни, дури и штетни.

Пречело сѐ она што би застанало на патот на образувањето на неговите војници.

book_burning

Тој поддржувал еугеника, велел дека мораат да се чуваат од Евреите, дека тие им се најголеми непријатели. Децата во училиштата учеле за силата на телото, занемарена е силата на духот, силата на слободното мислење. На Хитлер му биле потребни добри војници, а најлесно можело да се воспостави авторитет над нив ако не знаеле да мислат со своја глава.

Пропагандата била нов вид на образование. Користејќи плакати на кои имало слогани од типот: „Младината му служи на лидерот: Сите десетгодишни деца на младината на Хитлер“, „Човечка дегенерација = Човечка смрт“, „Деца, што знаете за Фирерот?“ – и уште многу други такви слогани со уште повознемирувачка содржина. Наставниците ја учеле младината на Хитлер како да препознаат Евреи, додека тој палел познати дела од светската книжевност напишани од вештото перо на Кафка, Џек Лондон, Томас Ман, Пруст, итн.

Денес, кога ви е дадена можноста да изнесете свој став, научете да ја цените: Многумина страдале поради тоа!

Извор.

Leave a comment