Утре е Светскиот ден на поезијата, платете го кафето со вашите стихови!

Утре е 21 век, Светскиот ден на поезијата, и верувам дека сите ќе го прославиме на свој начин. Некој можеби ќе ја збогати домашната библиотека, некој ќе се потсети на своите омилени поети и поетеси, а некој можеби ќе учествува во некое од поетските читања кои традиционално се одржуваат на овој ден.

Покрај различните активности кои можете да ги правите, утре имате можност и да го платите вашето кафе со вашата поезија. Глобалниот бренд „Julius Meinl“ традиционално го одбележува Светскиот ден на поезијата и тоа во повеќе од 25 земји и во над 1000 кафетерии.

meinl_pay_with_a_poem_2016-731x1024

Се работи за навистина оригинален начин со кој ја славиме поезијата и стиховите кои успеваат да нѐ засмејат, да нѐ расплачат, да нѐ натераат да размислуваме и секогаш успеваат длабоко да нѐ допрат. Оваа иницијатива и акција ја поттикнува нашата креативност и нѐ охрабрува и ние да напишеме по некој стих.

Утре во 10 локации во Скопје и Велес ќе можете да го платите вашето кафе (или чај) со вашата поезија. Преточете ги вашите чувства и расположение во стихови и платете го вашето кафе.

Оваа акција ќе се одвива во следниве локали:

Скопје:

„Дион“ – Кеј 13 Ноември
„Фонтана“ – ТЦ Мавровка
„Наргиле“ – Стара чаршија
„Центар бар“ – на местото на поранешниот Мекдоналдс
„Сквер 21“ – улица Македонија
„Лофт“ – Катна гаража „Солунски конгрес“
„Џус бар“ – Ленинова
„Баду бар“ – Порта Влае
„MYDAN Cocktail & Lounge Bar Skopje“ – позади Универзална сала

Велес

„Чао кафе Велес“ 

Според најавите на официјалниот настан на Фејсбук, најдобрите поеми ги очекува изненадување! 🙂

Не пропуштајте да се вклучите во оваа акција!
Утре пиеме кафе, се инспирираме и ја славиме поезијата!

Leave a comment