Познат датумот и локацијата на овогодинешниот Саем на книга!

На големо жалење, зданието во коешто се одржуваше Саемот на книга веќе не постои и сите љубители на книги и ентузијасти кои никогаш не го пропуштаат Саемот на книга беа загрижени и револтирани од најавите дека годинава нема да има Саем на книга.

child-in-a-bookstore

Сепак, судејќи според сите најави, Саемот на книга сепак ќе се одржи. Во едно интервју за МИА, г-динот Бојан Саздовски, претседателот на Македонската асоцијација на издавачи, ја откри локацијата и временскиот период во кој ќе се одржи Саемот за книга.

Па така, драги љубители и читатели, подгответе се: Саемот на книга ќе се одржи од 3 до 9 мај во Спортскиот центар „Борис Трајковски“! Ова ќе биде јубилеен, 30. Саем на книга!

Тука можете да го прочитате интервјуто на Бојан Саздовски за МИА и да се информирате за повеќе детали во однос на Саемот на книга!

Јас веќе почнав да си ја подготвувам листата со книги кои сакам да си ги имам во домашната библиотека!

 

Leave a comment