Наскоро ќе бидат издадени два досега необјавени ракописи на Шарлот Бронте!

Доколку сте љубители на пишувањето на сестрите Бронте, особено на Шарлот Бронте и нејзиниот феноменален и безвременски класик „Џејн Ер“, тогаш овие новости сигурно ќе ве израдуваат!

Два оригинални ракописи на Шарлот Бронте биле пронајдени во книга која припаѓала на нејзината мајка и годинава ќе бидат објавени за првпат!

charlotte-bronte

Според извори на сајтот The Bookseller, се работи за една подолга поема и една кратка приказна и истите ќе бидат објавени оваа есен.

Книгата во којашто се пронајдени ракописите, била еден од ретките предмети на Марија Бронте кои останале неоштетени при еден бродолом во 1812 година.

Имено, се работи за книгата „Останките на Хенри Кирк Вајт“ и истата била подарок од нејзиниот свршеник, а подоцна и сопруг, Патрик Бронте. Самиот бродолом се случил многу кратко пред да стапат во брак. Во самата книга има посвета од Патрик напишана на латински јазик: „Книгата на мојата најдрага жена која беше спасена од брановите. И затоа секогаш ќе биде заштитена.“

book_0
(книгата во која се пронајдени ракописите)

Книгата менувала сопственици со децении сѐ додека не била конечно купена од организацијата „The Brontë Society“  во 2015 година.

Изданието кое ќе биде објавено есенва ќе ги содржи двата ракописи (поемата и расказот), забелешките од мајката на Бронте, цртеж од нејзиниот брат и анализи и коментари од академици кои го истражуваат ликот и делото на Бронте.

 

Leave a comment