Библиотеката на колеџот „Тринити“ во Даблин е институција стара 300 години, дом на повеќе од 200.000 книги!

Од моментот кога луѓето ја развиле способноста да ги пренесат своите мисли на хартија, развојот на човековото знаење постојано водел кон преземање големи чекори кон прогрес. Од Tалес од Милет (првиот филозоф познат на историјата), сѐ до „Алхемичарот“ на Пауло Коељо, луѓето успешно ги пренесувале своите искуства преку книгите. Никој не може да ја оспори важноста на Гутенберговата преса за штампање, која ја поттикнала желбата за стекнување знаења во време на периодите на Ренесансата и периодот на Просветителството во Европа.

Низ историјата, книгите и знаењето се сметале за сијамски близнаци – едното не може да постои без другото. Како и да е, напредокот на модерната технологија драматично го промени начинот на кој гледаме на знаењето. Тенката линија меѓу информацијата и знаењето почнува да избледува и поради тоа, културата на читање книги исто така се соочува со потенцијална дегенерација.

73-2-640x483

Како и да е, ако вие сте од оние кои ги обожаваат печатените книги, има многу прибрежишта за вас. Библиотеките цврсто стојат на своите темели и тие се дом на некои од највлијателните и антички книги и ракописи кои помогнале при обликување на развојот на човековата мисла и историја.

Една од тие библиотеки е библиотеката на колеџот „Тринити“ во Даблин. Оваа библиотека повеќе од три векови се грижи за знаењето на човекот и истата е дом на повеќе од 200.000 книги: од најпопуларните класици до сите можни жанрови кои постојат. Понатаму, огромна збирка од бесплатни материјали објавени во Ирска постојано се додаваат на огромната архива на оваа библиотека.

Можеби најголемата атракција на библиотеката е познатата „Книгата на Келс“, која е многу почитувана од страна на Христијаните, но и од историчарите. Долг период ова дело било познато како „Госпелот од Колумбија“, затоа што било поврзувано со еден манастир кој бил изграден и основан во 6 век од страна на ирскиот свештеник Колм Чиле, кој бил познат и под прекарот Колумбија.

19-650x450

Сепак, модерните академици се убедени во тоа дека „Книгата на Келс“ доаѓа од многу подоцнежен период и дека најверојатно била целосно завршена некаде околу крајот на 7 век. Вработените во библиотеката секојдневно ги вртат страниците на „Книгата на Келс“, за посетителите да имаат шанса да гледаат различни страници од ракописот без оглед на тоа кога ќе дојдат.

Библиотеката на колеџот „Тринити“ е домаќин на двата од вкупно четири тома од „Книгата на Келс“, кои постојано се изложени и достапни за посетителите. Овие томови биле донирани на библиотеката во 1661 година од страна на Хенри Џонс, бискуп на англиканската црква.

Гледајќи ги сите тие прекрасни страници, човек не може, а да не се воодушеви од трудот и посветеноста при создавање на овој скапоцен ракопис. Со оглед на ограничените материјали кои биле достапни во тоа време, живеејќи во еден од најизолираните делови на земјата, да се создаде вакво дело е триумф само по себе.

old-library-trinity-college-dublin

Историјата на библиотеката оди назад сѐ до 1592 година. Уште една популарна атракција за посетителите е собата која има голем број бисти oд мермер, кои ѝ даваат на библиотеката уште поголема естетика и придонесуваат кон прекрасната атмосфера. Голем дел од овие бисти се бисти на познати писатели, филозофи и други познати личности кои го поддржувале колеџот и кои придонеле за развој на библиотеката.

Ако имате шанса да одите во Даблин, не смеете да ја пропуштите шансата да го посетите овој скапоцен бисер!

Извор.

Leave a comment