Инфографик: Интересни факти за книгите и книжевните жанрови!

На блогот одамна немало некој интересен инфографик, па затоа кога налетав на овој инфографик, решив да го споделам со вас.

Се работи за графички приказ кој ни дава информации за различни аспекти од книжевноста од типот на најуспешни екранизации на книги, најдолги книги, најпопуларни книжевни жанрови и слично.

Верувам дека ќе пронајдете интересни информации, а на дадениот линк ќе имате можност и да го погледнете оригиналниот инфографик.

bookfactsfeature

Во првиот дел, т.е коцка од инфографикот, прикажана е мапа на светот и можете да видите колку книги се издадени досега во различни делови во светот.

Десно од тој приказ има една коцка во која се наведени екранизациите на книги кои имаат најголема заработка досега.

Потоа следува листата на најдолги книги, а до неа е листата на книги кои имале најголема заработка. Во инфографикот можеме да го видиме и податокот дека во светот постојат 129.864.800 книги.

Понатаму, можеме да видиме дека најпродаван книжевен жанр се романсите и љубовните романи, додека пак луѓето најмногу купуваат електронски книги преку Амазон.

На крајот исто така можеме да видиме кои модерни писатели најмногу заработуваат и кои книжевни серијали имаат најголема заработувачка.

Тука можете да го погледнете инфографикот.

 

Leave a comment