Конкурс за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2018“!

Одлична можност за сите поети и поетеси, како и оние кои сакаат да пишуваат поезија, но никогаш не се пријавиле на конкурс, ниту пак објавиле дел од своето творештво! Здружението за култура „Дунек“ во соработка со Центарот за култура АСНОМ од Гостивар објавуваат повик за пријавување на песни за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2018“.

230344_3a9514d758a97f355f1b4de22cc5034306aa2fce_facebook

Што треба да знаете пред да се пријавите?

  • Право на учество имаат сите поети и поетеси од Македонија и земјите од Балканот.
  • Има две возрасни категории: до 18 години и над 18 години
  • Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик (задолжително се доставува препев на македонски јазик од учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик)
  • Темата е слободна
  • Песните се доставуваат во WORD документ и истите треба да бидат лекторирани
  • Изјава за авторско право: Секој учесник треба да се потпише со име и презиме, адреса и место на живеење, возраст и телефонски број за контакт

Уредно доставените песни ќе ги оценува тричлена жири комисија, која ќе одлучува за наградите и ќе изврши селекција на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка

Напомена: Авторите кои нема да ги исполнат во целост наведените точки во Конкурсот ќе бидат дисквалификувани.

Доколку сте заинтересирани, тогаш вашите творби треба да ги доставите на електронската пошта на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com.

Рокот за пријавување е 5-ти мај, 2018 гoдина.

Фестивалот „Литературни искри“ се организира по петти пат во чест на 24-ти Мај, Денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј. 

 

Leave a comment