Каде е и што прави девојчето од „Ние децата од железничката станица ЗОО“?

Кристијане Вера Фелшеринов сѐ уште беше тинејџерка кога целиот свет дозна за неа. Таа имала само 16 години кога, во 1978 година, двајца новинари од едно списание ја забележале на едно судење на еден маж во Берлин кој на малолетни девојки им давал хероин во замена за секс. Кристијане била сведок, а новинарите сакале да дознаат повеќе за неа и за светот на малолетничката наркоманија и проституција, тема која особено во тоа време била табу тема.

christiane_f_2

Планот најпрво бил да направат една подолга приказна на основа на едно двочасовно интервју, но разговорите со Кристијане продолжиле и по два месеци. Резултат од тие разговори била книгата „Ние децата од железничката станица ЗОО“, потресен и бутрално искрен роман за изгубените тинејџери од Западен Берлин кои ќе направат сѐ за својот секојдневен фикс.

Книгата со потписот Кристијане Ф. станала светски хит, а таа самата станала светска ѕвезда. Во 1981 година снимен е филмот „Ние децата од железничката станица ЗОО“, во која се појавува и Дејвид Боуви, а таа со него се појавила на берлинската премиера на филмот. Подоцна зборувала како спиела со Боуви, како и со уште еден музичар кој го обожавал Берлин – Ник Кејв.

43_r49_isifa-620x420
(Кристијане за време на една фото-сесија додека престојувала во Лос Анџелес)

Одредено време поминала во Лос Анџелес и се забавувала со многу познати личности, а таа авантура завршила кога ја фатиле со дрога и ја депортирале.

Каде е Кристијане денес?

Кристијане Фелшеринов денес има 55 години и ги сноси последиците од бурниот живот.

Кристијане, за која во 2013 година е издадена уште една книга „Мојот втор живот“ напишана од Соња Вуковиќ, вели: „Можам да умрам во секој момент, но не жалам за ништо во животот. Во ред сум. Не би препорачала никому да оди по мојот пат, но тоа е мојот живот.“ Во книгата „Мојот втор живот“, Кристине зборува за тоа што ѝ се случувало откако се прославила со книгата „Ние децата од железничката станица ЗОО“.

Книгата зборува за тоа како Кристијане денес живее во стан во кој нема многу мебел и пати од повеќе сериозни болести како фиброза, цироза, хепатит Ц. Повеќе не ги поднесува антибиотиците и таа вели дека тоа не е живот.

afp_131119_u94tw_pluson_christiane_f_sn635

Таа додава: „Се надевам дека оваа книга ќе ги исплаши луѓето уште повеќе од мојата прва книга и дека ќе ги одврати од дрогата. Сигурна сум дека ќе го направи тоа. Таа опишува колку болки поминав во животот и дека ќе умрам прерано и дека мојата смрт ќе биде болна.

Таа сѐ уште е зависничка од метадон и алкохол, а редовно конзумира и марихуана. За неа се пишуваше дека е психички нестабилна, дека понекогаш слуша гласови и дека бега од својот стан и живее на улица. Неколку пати се обидувала да се излечи од зависноста и да си го среди животот. Двапати има абортирано, а во 1996 година го родила синот Филип. Го запознала таткото на Филип на еден од нејзините обиди за одвикнување. Тој ја оставил, а во 2008 година, социјалните служби ѝ го одзеле синот.

Таа не можела да се помири со тоа, па го киднапирала и побегнала со него во Амстердам. Медиумите во тој период известувале дека не се грижи за синот, дека пие и дека зема хероин. Набргу се вратила во Германија и го предала синот, а по две години властите ѝ го одземале родителското право.

Кристине е ќерка на насилен алкохоличар, која почнала да се дрогира на 12 години, а набргу почнала да го плаќа хероинот со своето тело. Таа неодамна изјави: „Највеќе ми пречи тоа што сите само ме прашуваат дали сум „чиста“. Никогаш не сакав да ја оставам дрогата. Јас не знам ништо друго. Одлучив да живеам поинаков живот.“

Leave a comment