Утре е неработен ден, но сепак денешниот ден мора некако да се протурка. 😀
Шегата настрана, денес на блогот споделуваме и читаме македонски стихови, затоа што секој ден е прекрасен ден за споделување македонска поезија.
Овојпат изборот падна на „Кошмар“ од Блаже Конески.
Кошмар – Блаже Конески
Што тажно да заспиваш сам
По ноќ на желби и трескот.
Јас таа тага ја знам.
И зошто тогаш сиот баран блескот
И сета веселба барана?
И зошто, повеќе од тоа, благост
Во погледот и зборот наш
За час макар дочарана?
Ах, зошто, зошто?
кога се враќаме ти пак си студна.
Разочарана
Се леди од тебе душава блудна.
Јас сум груб,
Јас сум луд
Од тој студ!
Не, нејќам јас да биде така.
Ме дави сува рака.
Јас страдам дека сум сам,
Во кошмар дека се губам —
А сакам да љубам,
Сакам да љубам!

